Анчелоти кажа какви квалитети треба да има новиот голман на Реал (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид денеска го има последниот тренинг пред да замине во Билбао, каде што ќе се соочи против Атлетик.

Тренерот Карло Анчелоти се соочи со големи проблеми пред првиот меч бидејќи не може да смета на Тибо Куртоа, кој се повреди и ќе паузира девет месеци.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал бара нов голман, но Анчелоти денеска кажа дека му верува на резервниот чувар на мрежата Лунин.

„Ќе бараме голман кој може да брани со рацете. Од сите голмани кои сум ги имал, прво и единствено е да бидат добри со рацете“, кажа Анчелоти и ги насмеа новинарите.