Анчелоти кажа зошто го пуштил Бензема и даде коментар за трансфер-маркетот: Ова е крај за нас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на прес-конференција зборуваше за плановите на екипата и објасни зошто го пуштил Карим Бензема да замине од клубот, а воедно додаде дека нема да ангажираат нови засилувања.

Анчелоти кажа дека клубот се ослободил од Бензема затоа што сметал дека Џуд Белингам ќе биде иделно решение за негова замена, а не Виктор Осимен, како што се шпекулираше.

„Клубот веруваше дека отсуството на Бензема може да се компензира со купување на Белингам“, кажа Анчелоти.

Италијанскиот стратег кажа дека „кралевите“ повеќе нема да ангажираат нови фудбалери, иако се шпекулираше дека ќе купат дефанзивец и ќе тргнат по потписот на Килијан Мбапе.

„Ова е крај за нас. Нема да купуваме нови фудбалери“, додаде Анчелоти.