„Анчелоти ќе создаде уште посилен Баерн “


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Сами Кедира рече дека Карло Анчелоти може да направи уште посилен и поопасен тим, посебно го истакна неговиот однос со напаѓачите.

Кедира, кој со Анчелоти соработуваше во Реал Мадрид и освои Лига Шампиони во 2014 година, истакна дека италијанскиот стручњак во секој клуб изградил тимски дух и лидерство.

“Вратата од неговата канцеларија е секогаш отворена и секогаш одвојува време за секој играч.Тој никогаш не вика и никогаш не сум почувстувал, да некој од 25 фудбалери се налутил на тренерот. Тој целосно го изгради тимскиот дух и лидерството. Ѕвездите Кристијано Роналдо и Серхио Рамос посакуваа да остане тој во клубот, но клубот беше против волјата неверојатно. Накратко, тој е тактички совршен и мислам дека од Баерн ќе создаде уште посилен тим”, изјави германскиот репрезентативец.

Анчелоти во својата кариера ги предводеше Парма, Јувентус, Милан,Челси, ПСЖ, Реал Мадрид, а три пати го добиваше финалето од ЛШ, двапати со Милан и еднаш со Реал Мадрид во 2014 година.

А на 20 јануари мината сезона извршниот директор на Баварците потврди дека тој ќе биде наследникот на Пеп Гвардиола.