Анчелоти луто одговори на Рибери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн синоќа во пријателски натпревар убедливо го совладаа Интер со 4:1.

Баерн натпреварот го реши веќе после 15-та минута, а блескаше Грин кој постигна три гола.

Еден гол за Баварците даде Рибери кој синоќа беше во центарот на вниманието поради конфликтот со Мело.

После еден оштар прекршок на играчот на Интер, Рибери подоцна го нападна не го поради што заслужи црвен картон.

Сепак, поради тоа што е во прашање пријателски меч играчот на Баерн помина само со жолт картон.

На полувремето Карло Анчелоти му одржа кратко предавање на Рибери, и му порача дека нема да го толерира неговото однесување без оглед што Мело го испровоцира.

„Во соблекувалната му реков дека никако не сакам играч кој не знае како треба да се однесува на теренот. Нема врска ако некој те провоцира, треба да го игнорираш. Беше капитен и му реков дека мора да се смири. Во второто полувреме се беше како што треба“, рече Анчелоти.