Анчелоти опуштен пред „Ел Класико“: Ова не е борба за живот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид утре ќе ја пречека Барселона во големото дерби, а тренерот на шпанскиот и европски шампион, Карло Анчелоти е опуштен пред „Ел Класико“.

„Кралевите“ досега имаат седум победи и реми во Ла Лига, како и три победи и едно реми во Лигата на шампиони (ЛШ) и се наоѓаат во подобра форма од Барселона, која е пред елиминација од ЛШ.

„Не го гледав последниот меч повторно. Добро се познаваме и се надевам дека ќе оставиме добар впечаток. Ова не е борба за живот или смрт. Тоа е посебен дуел, но сезоната е долга и сè може да се случи“, вели Анчелоти.

Реал утре ќе ја пречека Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ од 16.15 часот.