Анчелоти остана без еден од најважните фудбалери за „Ел Класико“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Големото дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона се игра в недела, а двата гиганти ќе се соочат во првиот меѓусебен дуел во Ла Лига оваа сезона на „Сантијаго Бернабеу“.

Двете екипи играат одлично во досегашниот дел од домашниот шампионат и веќе имаат по 22 бодови по осум одиграни кола.

Реал Мадрид ќе влезе ослабен во „Ел Класико“ затоа што не може да смета на дефанзивецот Едер Милитао, Антонио Рудигер, но и голманот Тибо Куртоа.

Иако имаше шпекулации дека Куртоа ќе се врати меѓу стативите в недела, сепак тоа нема да се случи затоа што последните тестови покажале дека Белгиецот не е подготвен, па на негово место ќе брани Андриј Лунин.