Анчелоти откри каква повреда има Камавинга (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 1-0 против Хетафе во вчерашниот меч, а притоа Карло Анчелоти го загуби Едуардо Камавинга кој се повреди и мораше да го напушти теренот.

Камавинга во завршницата од дуелот доби сериозен удар и мораше да биде заменет, по што на неговото колено беше ставен мраз, а интервенираа и докторите.

Анчелоти по натпреварот кажа дека станува збор за силен удар, но нема никакво оштетување и се очекува Камавинга да биде достапен за реваншот против Манчестер сити.

„Тоа е само удар, ќе одмори утре и во понеделник ќе се појави на тренинг. Тој има само 20 години и ќе биде добро“, кажа Анчелоти.