Анчелоти откри загрижувачки вести за Бејл: Сите мислат дека го исмејува Реал, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл е фудбалер кој е најжестоко критикуван во Реал Мадрид, а така беше и во претходните денови кога не се појави на прославата на титулата во Ла Лига.

Бејл се пожали дека го боли грбот и затоа не можел да присуствува на церемонијата, а овој 32-годишен играч не беше ниту на трибините на мечот против Манчестер сити.

Фудбалските навивачи сметаат дека Бејл така се исмејува со клубот, но вистината е поразлична, а тоа го потврди тренерот Карло Анчелоти на прес-конференција.

„Постои посветеност од двете страни. Го немаше затоа што не можеше да се движи, нешто слично ми се случи и мене“, откри Анчелоти. Очигледно повредата на Бејл е посериозна од што сите мислеа, но ова е тежок удар за фудбалерот кој од јуни мора да бара нов тим.