Анчелоти „пресече“: Ѓулер ќе остане во Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓулер и направи чекор напред кон титулата во Ла Лига.

Ѓулер не добиваше голема минутажа во изминатиот период и затоа се појавија шпекулации дека наскоро ќе замине од тимот, меѓутоа тренерот Карло Анчелоти смета дека такво нешто нема да се случи.

„Арда ќе остане во Реал и следната сезона. Тој е важен играч за иднината на нашиот тим. Нема никакви дилеми дека ќе остане. Момчето има квалитет, талент и работи напорно за да успее“, кажа Анчелоти.