Анчелоти прв даде коментар за можното доаѓање на Меси во Премиер лигата: Тоа би било…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот италијански стратег кој во моментов е на клупата на Евертон, Карло Анчелоти прв даде коментар за можното доаѓање на Лео Меси во англиската Премиер лига.

Меси како никогаш досега се повеќе се поврзува со заминување од Барселона по несогласувањата со управата на Барселона, односно со техничкиот директор, Ерик Абидал.

„Би било фантастично за Премиер лигата ако Лионел Меси дојде тука. Сепак, мислам дека тоа не е многу возможно. Меси е легенда на Барселона и сигурен сум дека тој ќе ја заврши кариерата во тој клуб“ – изјави Анчелоти.