Анчелоти: Разговаравме со Роналдо, требаше да се врати во Реал, но…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Европскиот и шпански шампион Реал Мадрид преговарал со Кристијано Роналдо, а тоа го потврди тренерот Карло Анчелоти, кој кажа дека постоела можност за да се врати португалскиот репрезентативец минатото лето.

Роналдо сакаше да го напушти Јувентус, а водел преговори со Реал, но сепак на крајот се решил за Манчестер јунајтед каде што не се прослави и остана без место во Лигата на шампиони (ЛШ) сезонава.

„Имаше шанса Роналдо да се врати во Реал. Преговаравме со него во момент кога се вратив во Мадрид, но клупската политика беше да им се даде шанса на помладите фудбалери“, кажа Анчелоти.

Португалецот сакаше и летово да си замине од „Олд Трафорд“, но сепак не успеа и остана во екипата на Ерик Тен Хаг.