Анчелоти за ѕвезда на Реал Мадрид: Не ми е гајле дали ќе остане или ќе замине!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид во моментов има осум бодови помалку од лидерот Барселона во Ла Лига и ги чека тешка битка до крајот на сезоната за титулата.

Тренерот Карло Анчелоти зборуваше за шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио кој има договор до јуни и засега не е познато дали ќе остане во Мадрид.

Раководството на Реал Мадрид се обидува да му го продолжи договорот, а работи и на нови соработки со Тони Крос, Лука Модриќ и Дани Себаљос.

„Не знам дали ќе остане или ќе замине. Искрено, не ми е гајле. Имаме големи предизвици пред нас до крајот на сезоната и најважно е да го дава максимумот на теренот. Нека продолжи да игра вака, а тимот ќе донесе конечна одлука“, одговори Анчелоти на новинарско прашање.