Андреј Јакимовски се сели во НЦАА-лигата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талентираниот македонски кошаркар Андреј Јакимовски ќе ја продолжи кариерата во НЦАА-лигата, односно на Универзитетот Вашингтон стејт.

Македонскиот кошаркар мина неколку сезони во Италија, каде што одигра неколку настапи со повеќе од 40 постигнати поени, па без сомнеж го потврди својот голем квалитет.

Постоеше голем интерес од многу Универзитети, но на крајот Јакимовски се реши за преселба во Вашингтон стејт.