Ањели се договори: Јувентус следната сезона ќе има нов тренер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По турбулентната сезона се очекуваат промени во Јувентус, а една од нив ќе биде на тренерската позиција. Претседателот Андреа Ањели реши да го замени Андреа Пирло со поранешниот тренер на „Старата дама“, Масимилијано Алегри.

Под водство на Алегри тимот имаше одлични резултати и освои многу трофеи, а во Серија А дури пет пати по ред беше првак на Италија, а четири години по ред го освојуваше Купот, како и двапати Суперкупот на Италија.

Пирло има сезона за заборав, зашто Јувентус испадна во осминафинале од Лигата на шампиони, а во Серија А е на четвртата позиција и се бори за место кое води во елитното натпреварување.

За Алегри интерес покажа и Баерн Минхен, но на местото на Ханси Флик најверојатно ќе пристигне Јулијан Нагелсман од Лајпциг.