Ангеловски го „избриша“ Несторовски за мечот со Германија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски донесе одлука за вчерашната постапка на Илија Несторовски и соопшти дека напаѓачот нема да биде во конкуренција за мечот против Германија.

Ангеловски кажа дека ја погледнал снимката со потегот на Несторовски и поради тоа решил да го ослободи од обврските за следниот натпревар.

„Откако ја погледнав снимката, одлучив да го ослободам Илија Несторовски за мечот со Германија. Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното. Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”, изјави Ангеловски.

ФОТО: ФФМ