Ангеловски: Испразнети сме емотивно, но и покрај тоа одиме на победа против Естонија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски зборуваше денеска на прес-конференцијата пред мечот против Естонија.

Предизвиците за Македонија не запираат ниту по пласманот на Европското првенство, а Ангеловски вели дека одат на победа против Естонија.

„Во септември кога почна новата сезона на Лигата на нации кажав дека главна цел е пласман на ЕП, но зошто да не бидеме и први. Нормално дека после еден ваков настан сме испразнети емоционално, меѓутоа сакаме да победиме за да се бориме за прво место“, вели Ангеловски на прес-конференцијата.

Натпреварот меѓу Македонија и Естонија се игра утре во Скпоје со почеток од 15 часот.