Ангеловски ќе води 26 репрезентативци со него на ЕП!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски доби одлична вест пред Европското првенство (ЕП) летово, откако Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го зголеми бројот на фудбалери по репрезентација.

Сите репрезентации досега имаа можност да носат само 23 фудбалери со нив на големото натпреварување, но пандемијата на ковид-19 ја натера УЕФА да го промени правилото.

Извршниот комитет ја прифати промената, а во проколот за натпреварите остануваат по 23 фудбалери, односно 12 замени покрај 11 фудбалери во првиот тим, а од 23 играчи мора да има и три резерви.

Ангеловски до 1 јуни треба да го соопшти списокот со репрезентативци, а неколку дена претходно Македонија треба да се пресмета со Словенија во пријателски меч.