Ангеловски: Одиме по три бода за да го задржиме првото место во групата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија пред неколку дена го победи Косово, но тоа сега е зад нас затоа што репрезентативците се фокусирани на следните предизвици, односно мечот против Естонија.

Македонските фудбалери ќе се борат за првото место во групата, кое може да ни донесе бараж за пласман на Светското првенство во 2022 година, па затоа ни е важна победата.

„Во натпреварот против Естонија Македонија ќе се бори за првото место во групата кое може да донесе бараж за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година, затоа е и важно да се победат Естониците. „Емоциите се зад нас, славјето е минато, сакавме победа против Косово и финале и го добивме тоа, но сега имаме нов натпревар. Секако дека очекувам фудбалерите повторно да го дадат максимумот, концентрацијата е максимум на Естонија, добро стартувавме во новата сезона и сме први, одиме одиме по три бода за да ја задржиме позицијата. Овие натпревари воедно ќе бидат и подготовка за финалето со Грузија на 12 ноември, сепак одиме чекор по чекор“, изјави Ангеловски