Ангеловски со Пандев и Тричковски ќе го нападне Казахстан

Македонскиот селектор Игор Ангеловски го избра составот за пријателскиот натпревар против Казахстан, кој се игра од 18 часот.

Ангеловски реши да одмори дел од фудбалерите, меѓу кои се Адеми, Велковски и Трајковски, па натпреварот ќе го почне со Димитриевски, Ристовски, Муслиу, Ристевски, Алиоски, Николов, Спировски, Костадинов, Елмас, Тричковски и Пандев.

Македонија пред неколку дена го одигра првиот контролен меч против Словенија, а резултатот беше 1-1.