Ангеловски: Вакво нешто чекавме цели 30 години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски денеска одржа прес-конференција заедно со македонскиот капитен Горан Пандев пред мечот против Косово, кој е закажан за утре од 20.45 часот.

Ангеловски кажа дека на подготовките акцент бил ставен на нашата игра и порача дека ова е шанса која ја чекаме 30 години.

„Ако во нешто сум сигурен, тоа е дека нашите момци утре ќе ги видите во максимално издание, овој натпревар го чекаме 30 години. Нормално е дека е чудно да се игра во вакви услови, но тоа не е по ничија вина, мораме да се прилагодуваме. Сите сакавме да се игра пред полн стадион, тоа сигурно ќе беше предност за нас како домаќини.

Ова е финале пред финале и знаеме дека нијанси може да одлучуваат, тоа се случува во вакви натпревари. Утре е важно покрај желбата да останеме мирни и да го одиграме она што сме се договориле. Се надевам дека тие нијанси ќе бидат во наша корист.

Тоа што ќе се бориме за Европското првенство не е за нас притисок тоа мотив да го дадеме најдоброто до сега. Јас добро знам што можат фудбалерите и не сум песимист. Ние сме сконцентрирани на нашата игра без разлика со кого сме играле, секогаш било така, така ќе биде и овој пат“, кажа Ангеловски.