Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Кристијан Ериксен одби да го продолжи договорот со Тотенхем, кој му завршува на крајот на сезоната, па најверојатно ќе го напушти лондонскиот клуб.
Ериксен не се договори со Тотенхем, а клубот сака да ја избегне можноста фудбалерот да замине бесплатно, па поради тоа планираат разманеа со Реал Мадрид.
Реал покажа и претходно интерес за него, па би можел да го донесе уште во јануари и за тоа имаат интересен план.
Англиските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид е подготвен да го донесе Ериксен, додека во Лондон би заминал Иско, кој не добива шанса во екипата на Зинедин Зидан.
Иско мора да го напушти „кралевите“ доколку сака да игра, а Реал сака да го искористи во трансферот на Ериксен, па се надева дека ќе успее во својата намера.