Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Англија и Мексико ќе играат во понеделник од два часа по централноевропско време на стадионот „Астека“ во Мексико Сити во осминафиналето на Светското првенство.
Фудбалерите на Англија пристигнаа во Мексико Сити, а британските медиуми наведуваат дека избраниците на Томас Тухел ги пречека непријатна атмосфера. Голем број локални навивачи се собраа пред хотелот кога пристигна автобусот со англиските фудбалери, наведува Би-Би-Си. Додека некои скандираа „Мексико“, други со свирежи ја пречекаа репрезентацијата на Англија.
Поради можни инциденти, воведени се засилени безбедносни мерки. Влезот во хотелот го обезбедуваа припадници на Националната гарда на Мексико, додека полициските сили во опрема за разбивање демонстрации беа распоредени околу објектот.
Фудбалската асоцијација на Англија (FA) сакаше локацијата на сместувањето да остане тајна, но постоеше страв дека информацијата ќе излезе во јавноста. Дополнителна причина за претпазливост беше случајот со репрезентацијата на Еквадор, чии фудбалери пред натпреварот од шеснаесеттинафиналето СП со Мексико се пожалија на Меѓународната фудбалска федерација (FIFA) поради бучавата пред хотелот. Како што известуваат, навивачите на Мексико за време на ноќта користеле сирени, звучници и мотори за да го нарушат одморот на тимот на Еквадор. На крајот, Мексико славеше со 2:0.
















