Англија доаѓа по три бода во Македонија – еве и зошто!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија ќе игра уште два меча во квалификациите за Европското првенство (ЕП), и тоа најпрво против Италија во Рим, а потоа со Англија во Скопје.

Англија е на првата позиција и веќе обезбеди пласман во следната фаза, но „Гордиот Албион“ доаѓа по три бода во Скопје.

Причина за тоа е освојување на повеќе бодови и подобро место во ждрепката на Европското првенство.

Англија треба да слави против Македонија и Малта за да бидат подобри од Португалија, Словенија, Данска, Франција и Белгија, репрезентации кои во овој момент имаат повеќе бодови.

Во нашата група Англија има 16 бодови, Украина 13, Италија 10, Македонија седум и Малта е без бодови.