Англија го елиминира Сенегал, па сега доаѓа најтешкиот противник (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англија избори четвртфинале на Мундијалот во Катар, откако триумфираше со 3-0 против Сенегал, а следен ривал ќе им биде Франција.

Првата шанса на мечот ја имаше Сенегал преу Исмаила Сар, кој не беше прецизен, а во 32. минута Џордан Пикфорд имаше одлична интервенција.

Казната набрзо пристигна преку Џордан Хендерсон (1-0), а потоа Хари Кејн зголеми на 2-0, по што гледавме досадно второ полувреме во кое Букајо Сака погоди за 3-0.

Англија си закажа четвртфинале против Франција, која претходно беше подобра од Полска со 3-1.