Англија „гори“ по ќерката на Џерард: Лили се слика за Инстаграм и веќе заработи милион евра! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во претходните денови во центар на внимание беше ќерката на Мајкл Овен, која влезе во познато реално шоу, а сега главна тема е ќерката на Стивен Џерард, Лили.

Тренерот на Астон вила и поранешен капитен на Ливерпул никогаш не откриваше детали од приватниот живот во јавност, а сега неговата 18-годишна ќерка почна да заработува од Инстаграм и има над 200.000 фанови.

Англиските медиуми објавија дека неколку компании соработуваат со неа, а во следната година ќе добие над милион евра од различни реклами.

Според нејзиниот профил јасно се гледа дека живее луксузно и постојано патува на релација меѓу Лос Анџелес, Дубаи и Лондон.