Англија има нови херои – Резервите Џејми Варди и Даниел Стариџ и донесоа голема победа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Англија ја совлада репрезентацијата на Велс со 2:1.

Се започна добро за Англичаните, ја имаа првата шанса за погодок на натпреварот преку Рахим Стерлинг, но неговиот шут беше непрецизен. Потоа Кејхил и Смолинг се заканија кон голот на Хенеси, но велшкиот голман не дозволи да прими погодок. Стигна 42-ра минута и слободен удар за Велс. Герет Бејл ја намести топката, испрати торпедо кон голот на Харт и му донесе водство на својата репрезентација. Репрезентативците на Англија се обидуваа да постигнат погодок, но Хенеси бранеше. Во 56-та минута стигна топката до Џејми Варди кој погоди за израмнување, но тука не беше крајот на возбудувањата. Даниел Стариџ во 92-ра минута ја затресе мрежата на Хенеси и донесе голема победа на Англија од 2:1.