Англија остана без една ѕвезда за дуелот со Македонија

Селекторот Герет Саутгејт дозна лоши вести пред квалификациските натпревари за Европското првенство (ЕП). Тој не може да смета на Џејмс Медисон за натпреварите против Македонија и Малта.

Фудбалерот на Тотнем се повреди во градското дерби против Челси, по што медицинските прегледи покажаа дека мора да паузира.

Засега не е познато колку време Медисон ќе биде надвор до терените, но ќе го пропушти следниот дуел на Тотнем против Вулверхемптон.