Англиски гигант испрати понуда за Дракслер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал испрати понуда за германскиот фудбалер, Џулиан Дракслер.

Лондонскиот тим за услугите на 22-годишниот фудбалер понуди 50 милиони евра и сега чекаат одговор од клубот на Дракслер, Волфсбург.

Оваа вест ја пренесе ЕСПН, но информација добро ја пречекаа навивачите на топчиите кои веруваат дека Германецот би бил одлично засилување за нивниот тим.

Дракслер потпиша за Волфсбург минатото лето. Стигна од Шалке за 36 милиони евра. Одигра вкупно 34 натпревари и постигна 9 погодоци.