Англиски тим го сака Миовски, но Абердин бара шест милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Саутемптон повторно покажа интерес за македонскиот напаѓач Бојан Миовски, иако Абердин сака да го задри до крајот на сезоната.

За услугите на Миовски се заинтересирани и уште неколку екипи од Премиерлигата, но и Селтик, меѓутоа никој не е подготвен да плати шест милиони евра.

Абердин не се брза со продажбата на Миовски затоа што знае дека неговата цена ќе продолжи да расте.

Миовски пристигна во Абердин од унгарски МТК за сума од 650.000 евра.