Англискиот сојуз го усвои новото правило: Договор со УЕФА или?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот фудбалски сојуз дозволи четврта замена во ФА куп. Менаџерите од наредната сезона ќе можат во игра да внесат и четврт играч, но само во продолженија и тоа во четвртфиналето, полуфиналето и финалето.

Во воведните кола и понатака ќе се игра по старите правила.

„ФА Куп е најстаро фудбалско куп натпреварување на светот. Иако е познат по својата историја и традиција, одлучивме да воведеме четврта замена со цел да го направиме уште поинтересно“, рече извршниот директор на сојузот Мартин Глен.

„Од техничка страна, ќе биде интересно да се види како менаџерите ќе се носат со вишокот на замени, односно како четвртиот играч од клупата ќе влијае на развојот на играта и на конечниот резултат“, додаде Глен.