Анри го исклучува телевизорот кога ќе види кој му е капитен на Арсенал!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот француски напаѓач од редовите на Арсенал, Тјери Анри не може повеќе да го гледа неговиот поранешен клуб затоа што е разочаран од настапите во Премиерлигата.

Арсенал вчера загуби и од Брајтон со 0-1 на домашен терен, а во анализата по натпреварот зборуваше Патрис Евра, кој кажа дека Анри го исклучува телевизорот кога ќе види кој му е капитен на тимот.

Гранит Џака вчера беше исклучен од мечот, откако фати еден противник за гуша, а тоа дополнително го изнервира поранешниот француски напаѓач.

„Анри ме повика кај него да гледаме натпревар на Арсенал. Го вклучи телевизорот и се подготвивме, но по првата сцена на дуелот, кога виде дека Џака е капитен, тој веднаш го исклучи телевизорот и ми кажа дека не може да го гледа Арсенал додека Џака е капитен“, вели Евра.