Анри го замоли Јамал да му го даде својот дрес, неговиот одговор стана хит (Видео)

Ламин Јамал се роди 12 дена по тоа кога Тјери Анри во летото 2007 година потпиша за Барселона како еден од најдобрите светски стрелци во последните децении. 17 години и 10 месеци подоцна, Јамал одигра блескаво за Барселона на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер (3:3).

Постигна прекрасен гол, двапати го погоди рамката на голот, а безброј пати со своите дриблинзи ги излуди чуварите. По натпреварот се вклучи во студиото на „CBS“ од микс зоната на стадионот во Барселона, каде што Анри е стручниот коментатор.

Французинот му се обрати на феноменот на шпански јазик: „Ќе дојдам сега во Барселона да го гледам Ел Класико. Можеш ли, те молам, тогаш да ми го дадеш твојот дрес за мојот син?“, Јамал му одговори: „Може, ако ти ми го дадеш твојот“.

Фото: Принтскрин