Ансу Фати во центарот на вниманието со фотографијата на Инстаграм: Во каков дрес игра ФИФА?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пандемијата на коронавирус целосно го прекина спортот во скоро цела Европа.

Прекинати се скоро сите европски лиги и не е познато кога натпреварите ќе продолжат. И челниците на Ла Лига решија да го прекинат шпанскиот шампионат заради големиот број на заразени во оваа земја.

Клубовите дури немаат право да тренираат, а фудбалерите се во изолација. Од клубовите добија упатства како да тренираат дома, а најмалку колку што е можно да ја одржат својата форма.

Вчера, на Инстаграм младиот играч на Барселона, Ансу Фати, објави фотографија како го поминува поголемиот дел од времето играјќи видео игри. Тој објави фотографија со својот брат и со тоа привлече големо внимание.

Поточно, играчот на Барса носеше дрес на Санча од Борусија Дортмунд, додека неговиот брат носеше дрес на Лукаку од Интер. Фати ги доби овие дресови во првиот дел од сезоната кога Барселона играше против овие клубови во Лигата на шампионите.