Ентони Дејвис ќе биде вратен во тимот до крајот на сезоната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Центарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Ентони Дејвис ќе се врати во тимот во продолежнието на сезоната, пренесува американски ЕСПН.

Да потсетиме, Дејвис пред 11 дена побара трејд и од тогаш тренеро Алвин Гентри не го користеше. Сепак откако пропаднаа сите шанси за трејд се чини дека Дејвис ќе се врати во тимот.

ЕСПН пренесува дека Гентри и челниците на клубот имале состанок со цел да го решат ова прашање и е одлучено Дејвис да биде вратен во тимот до крајот на сезоната.

Инаку, овој одличен центар најмногу се поврзуваше со тренд во Лос Анџелес Лејкерс, но Пеликанс на крајот иг одбиле сите понуди кои стигнаа на нивна адреса. Освен тоа, Дејвис се поврзуваше и со Бостон Селтикс, но и оваа работа пропрадна.

Дејвис оваа сезона просечно бележеше повеќе од 29 поени и 13 скокови по меч.