Великани, отстапете: Интер многу близу до голем потпис


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорот ќе се официјализира наредниот месец, тврдат Италијанците.

Интер е спремен да ги „блиндира“ своите најдобри играчи.

Иако договорот со Икарди во моментот е во магла, затоа што одлуката е одложена до понатамошно известување, Нероаѕрите имаат причина за задоволство.

Според наводите на Тутоспорт, клубот од Милано е многу близу до потпишување на нов договор со Милан Шкрињар.

Дефанзивецот го привлече вниманието на европските клубови како Барселона, Манчестер Јунајтед и Сити, но веројатно после три месеци интезивни преговори, постигнат е договор.

Потписот треба да падне во февруари, а платата на Шкрињар ќе биде три милиони годишно плус бонуси за разлика од еден милион, колку што примаше претходно. Договор е потпишан до 2023. година.