Лудило пред мечот со Реал: Ајакс го распродаде стадионо, но мораше да изнајми – сала!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на Ајакс се соочи деновиве со неверојатен интерес за еден натпревар, а станува збор за дуелот од Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

Фудбалерите на клубот од Холандија на 13 февруари на „Амстердам Арена“ ќе го пречекаат Реал Мадрид во првата средба од осминафиналето на Лигата на шампиони, а интересно е тоа што сите карти се распродадени.

Иако до мечот остана речиси еден месец, клубот најави дека е пронајдено и алтернативно решение за тие кои нема да бидат на стадионот.

Управата реши да ја изнајми салата во Амстердам, „Зиго Дом“, која е мултифункционална и во случајов ќе послужи за следење на мечот меѓу двата тима.

Се очекува и во салата да има околу 17.000 гледачи, а навивачите пред и по натпреварот ќе ги забавуваат некои музичари, а исто така ќе биде присутна легендата Рафаел Ван дер Варт.