Кошаркар на Лејкерс се посрамоти: Сакаше да влезе во игра, но забележа дека има погрешна опрема (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мајкл Бизли беше еден од најголемите таленти во минатото, но вториот пик на драфтот во 2008 година никогаш не го оправда целосниот потенцијал.

Крилниот кошаркар во моментов настапува за Лос Анџелес Лејкерс, каде што игра по 10 минути на натпревар, а во синоќешниот против Оклахома се посрамоти.

Бизли како да не очекуваше да влезе во игра, па на себеси имаше погрешна опрема, односно опрема која ја користат на тренинг.

Наместо на терено Бизли замина во соблекувалната за да облече нова опрема, а на крајот постигна пет поени за девет минути.

Оваа сезона во дресот на Лејкерс 30-годишниот кошаркар има просек од седум поени по натпревар.