Повеќе нема дилеми: Во Милано пристигна новото засилување на „Росонерите“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесоа италијанските медиуми, Милан е на чекор од потпишување договор со полскиот напаѓач, Криштоф Пјонтек.

Откровението на сезоната во Серија А, ја напушта Џенова по само шест месеци, а за која постигна 13 погодоци во домашното првенство и е втор стрелец во лигата.

„Росонерите“ се договорија за негов трансфер како замена за Гонзало Игуаин кој кариерата ќе ја продолжи во Челси.

Полјакот ќе биде платен 40 милиони евра, а сега стигна и на лекарски прегледи во пресрет на трансферот во редовите на Милан.

Така што, за неколку часа не чека и официјализирање на трансферот, па очигледно Пјонтек ќе го гледаме во иднина во дресот на „Росонерите“.