Марсело итно до челниците на клубот: Сакам трансфер во Јувентус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер, Марсело изрази желба до челниците на Реал Мадрид да го пуштат во Јувентус, пишува торински Тутоспорт.

Марсело по 13 години сака да го напушти кралскиот клуб и да му се придружи на големиот пријател, Кристијано Роналдо, кој летово се насочи кон тој пат.

Овој 30-годишниот лев бек, еден од клучните фудбалери на Реал во освојувањето четири титули во Европа, од кои три во низа, пренесе на луѓето од клубот да го прифатат трансферот доколку стигне понуда од Јувентус, наведува весникот.

Италијанскиот шампион е во потрага по засилување на бековската позиција, на мета е и Матео Дармијан, кој ги покрива обете страни исто како и Матиа де Шиљо, пред се бидејќи се повеќе се споменува заминувањето на Алекс Сандро.

Марсело со Реал освои дури 20 трофеи, а оваа сезона екипата од „Сантијаго Солари“ не е на нивото како изминатите години.