Хадсон-Одои има уште една опција – го сака голем ривал на Челси!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен веќе некое време се обидува да го ангажира Калум Хадсон-Одои од Челси, но сите нивни понуди беа одбиени од лондонскиот гигант, но сега и друг тим се вклучи за неговиот потпис.

„Спорт Билд“ пишува дека Ливерпул се вмешал во трката за потписот на незадоволниот фудбалер, па тоа би бил голем удар за „сините“, кои може да останат без уште едно дете на клубот.

За разлика од Челси, Ливерпул не се плаши да им даде шанса на младите фудбалери, како што тоа го направија со Трент Александер-Арнолд.

Според шпекулациите на германскиот медиуми, спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ не се грижи за конкуренцијата, но сепак ќе се води жестока битка за него.