Ќе му „летнеше“ ногата, па Тухел не остана воздржан: Што е ова, носете си го тоа с*ање од ВАР дома…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со четирите погодоци во победата против Ренс, фудбалерите на ПСЖ изедначија импресивен рекорд. Во првите 20 кола во француската лига постигнале дури 66 погодоци. Таков потфат направи РЦ Парис во сезоната 1959/1960.

ПСЖ не го почувствува особено изостанокот од повредниот Нејмар, иако на полувреме замина со реми резултат. Кавани во седмата минута им донесе предност на домаќините, но во 28. Нианг изедначи.

Сепак, во продолжението работите седнаа на свое место, па Ди Мариа, Мбапе и повторно Кавани на ПСЖ му донесоа убедлива победа.

По мечот, тренерот на Парижаните, Томас Тухел не зборуваше за мечот, тука тој момент го искористи да се пресмета со видео технологијата во фудбалот.

Имено, играчот на Ренс, Нианг, брутално со отворена копачка стартуваше на зглобот на Керера и вистинско чудо е што нему не му пукна ногата. Играчот на Ренс по прегледот на снимката заработи само жолт картон.

„Одете дома и носете го тоа с**ње од ВАР со себе“, урлаше Тухел па продолжи:

„Зошто имаме ВАР? Ако е пенал, нема пенал, ако е црвен картон, нема црвен картон. Очигледно нема смисла да се гледаат снимките. Смешно“.