„Телеграф“ згрме по Сари: Каков е тој однос на тренинг со фудбалерите!? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити го декласираше Челси на „Итихад“ со неверојатни 6-0, а тоа предизвика голем број критики на сметка на италијанскиот стратег Маурицио Сари.

Италијанецот е познат по тоа што не може да ги остави цигарите, а „Телеграф“ утрово има жестока порака за тренерот на „сините“.

Медиумот смета дека Сари претерува со своите навики и почнал да го губи авторитетот во соблекувалната, зашто наместо да го троши времето со фудбалерите, Италијанецот го поминува времето со своите цигари.

„Телеграф“ прашува каков е тој однос на тренер, кој треба да ги одржува фудбалерите во топ форма, но тој троши голем дел од времето на тренинг за да пуши цигари.