Шкртел одбил трансфер во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул и сегашен член на Фенербахче, Мартин Шкртел одбил трансфер во редовите на Барселона.

Иако секој фудбалер би бил почестен со самиот интерес од каталонскиот гигант, Словакот ја одбил понудата затоа што не сакал да биде трет избор зад Пике и Умтити.

Барселона се обидуваше да пронајде искусен дефанзивец кој ќе покрива додека Умтити е повреден, а изборот паднал токму на Шкртел кој ја одбил понудата.

34 годишниот Шкртел останува во редовите на Фенербахче каде е еден од најредовните фудбалери.