„Кралевите“ со предност се враќаат од гостувањето во Амстердам (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид славеше на гостувањето во Амстердам кај Ајакс со 2:1.

Во првиот дел тимот на Ајакс беше подобар и постигна и еден погодок преку Таљифико, но истиот беше поништен по прегледувањето на ВАР снимките.

Вториот дел донесе повеќе возбудувања, барем кога во прашање се погодоците. Резултатот го отвори Карим Бензема кој во 60. минута доби одлична топка од Винисиус и со одличен удар го совлада домашниот голман.

Хаким Зиех го изедначи резултатот во 75. минута, додека конечниот резултат го постави Марко Асенсио на три минути до крајот на средбата.