Диало го прескокна Шекил О’Нил и славеше во – забивања! (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварувањето во забивање на НБА Олстар-викендот привлече големо внимание. Меѓутоа, немаше ништо спектакуларно и повеќе од забивањата беа веќе видени.

Во натпреварувањето учествуваа Џон Колинс од Атланта хокс, Мајлс Бриџс од Шарлот хорнетс, Денис Смит од Њујорк никс и Хамиду Диало од Оклахома сити, а на крајот славеше Диало.

Колинс тргна добро во забивањето, но доби само 40 поени, потоа Диало со забивање при додавање од табла на Расел Вестбрук доби 48 поени, а на крајот славеше откако го прескокна Шекил О’Нил.

Во секој случај беше интересно натпреварувањето, а некои од забивањата погледнете ги во продолжение.