Столе Димитриевски заминува од Рајо Валјекано и прави трансфер на кариерата!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот голман Столе Диммитриевски е одличен во дресот на Рајо Валјекано, каде што бележи фантастични настапи, па тоа би можело да му обезбеди нов мега-трансфер.

Димитриевски привлекол голем интерес од страна на шпанскиот гигант Валенсија, кој испратил скаути да го следат македонскиот голман и неговите настапи за Рајо.

Да потсетиме, Рајо го откупи Димитриевски за еден милион евра од поранешниот клуб, но сега би можел да биде продаден за многу повеќе и така да направи трансфер на кариерата.

Димиетриевски во својата кариера има настапувано за младинската екипа на Удинезе, а исто така и за вториот тим на Кадиз и Гранада. Исто така, претходно настапуваше за Гимнастик, од каде што пристигна во Рајо.