Потрагата по пилотот на Емилијано Сала продолжува наредната недела


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Емилијано Сала беше пронајден во трупот на авионот „Пајпер Малибу“ на дното на Ламанш, а по неговиот пилот се трагаше долго време, но без резултат. Сепак, се подготвува нова потрага по Дејвид Иботсон.

Приватната исрага се очекува да почне наредната недела, откако беа собрани 250.000 фунти за потрага по Иботсон.

„Благодарам на сите за поддршката. Ние ќе се обидеме да го најдеме наредната недела. Очекуваме потврда за конечните датуми. Сите бевте фантастично и ви благодарам за донациите и пораките“, вели неговата ќерка Даниела.

Потрагата ќе биде предводена по експертот за потонати бродови Дејвид Мернс, кој помогна во пронаоѓањето на телото на Сала.

Килијан Мбапе, Калиду Кулибали и Илкај Гундоган помогнаа финансиски за почеток на новата потрага.