Коментатор се спаси за „влакно“: Хокеарски пак му прелета покрај глава (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Врвните голмани во хокеј во просек имаат реакција за 0,13 секунди, а пакот има кинетичка енергија како куршум од калибар 0,22. Неверојатна среќа имаше коментаторот Пјер Мекваер, кој на мечот меѓу Тампа и Колумбус во НХЛ за малку ќе добиеше пак во главата.

Пакот тежок 17 декаграми може да достигне брзина од 170 км/ч и да лета како куршум, па доколку го погодеше коментаторот, тогаш ќе имаше тешки поселдици.

Затоа терените на хокеј се заштитени со стакло и заштитни мрежи, за да се заштитат гледачите. Во продолжение на снимката може да погледнете колку малку недостигаше да се случи немил инцидент.