Голден стејт со тројки го урна Сакраменто, Лејкерс со неверојатен пресврт го совлада Хјустон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голден Стејт вориорс го совладаа Сакраменто кингс во НБА-лигата со 125-123, додека Лос Анџелес лејкерс беше подобар од Хјустон рокетс со 111-106.

По првата четвртина Голден Стејт водеше со 35-30, но Сакраменто во втората четвртина направија пресврт и стигнаа до 49-40, но Вориорс се вратија на полувреме со 62-60. Сакраменто водеше и во третат ачетвртина, а до крајот Голден Стејт повторно направија пресврт.

Сакраменто до крајот водеше жестока битка, но сепак на крајот актуелниот шампион успеа да го задржи водството и да триумфира со 125-123.

Стеф Кари беше најефикасен кај Голден стејт со 36 поени, Кевин Дурант имаше 28, а кај Сакраменто најдобар беше Марвин Бигли со 28 поени и 14 скоквои.

Хјустон имаше водство во текот на целиот меч против Лос Анџелес Лејкерс и имаше дури 19 поени предност, но на крајот Лејкерс успеаа да направат пресврт.

Леброн Џејмс беше најдобар кај Лејкерс со 29 поени, а еден помалку од него имаше Брендон Инграм. Додека кај Хјустон најдобар беше Џејмс Харден со 30 поени.