Официјално: Данило Брестовац е нов селектор на Македонија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што беше најавено во претходните денови, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го ангажираше Данило Брестовац за нов селектор на македонската ракометна репрезентација.

На конкурсот за нов селектор на Македониј, по заминувањето на Раул Гонзалес, се пријавија шест кандидати, но комисијата процени дека Брестовац е идеалниот избор.

Брестовац е тренер и во Металург, а претходно беше селектор и на младинската и кадетската селекција, каде што сега ќе ги координира останатите селекции, додека ќе биде посветен на сениорската, каде што во минатото беше и асистент.

Брестовац седнува на „жешкото“ столче како прв македонски селектор, откако во претходните години наши предводници беа странци.